Според податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во април 2018 година, во споредба со април 2017 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 11.0 %, а реално за 7.5 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 14.5 %, а реално за 11.8 %) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 12.8 %, а реално за 10.3 %).

Во групата Трговија на мало со автомобилски горива прометот номинално е зголемен за 3.2 %, а реално е намален за 1.4 %).