Дозволено пречекорување или “дозволен минус” е еден вид на краткорочен кредит, кој им овозможува на граѓаните да имаат дополнителни средства на нивната сметка.
Ваквата слобода, но исто така и фактот дека дозволеното пречекорување се доделува во висина од една месечна плата некаде и повеќе се во зависност од политиката на банката, оваа финансиска услуга е доста барана, како што е потврдено од страна на фактот дека дозволеното пречекорување денес во Македонија го користат голем дел од вработените.
Дозволеното пречекорување, пред се, е многу корисен начин да се надмине моменталниот недостиг на пари, особено кога имате непредвидени трошоци и до платата ве делат уште неколку дена. Препорачливо е секогаш да имате на ум дека дозволеното пречекорување се карактеризира со повисока каматна стапка и дека како трошок е оправдано само ако нешто е навистина итно и неодложно.
Препорачливо е дозволеното пречекорување да не го користиме за поголеми купувања. За тоа е секогаш подобро да се почека моментот кога ќе располагаме со сопствени пари или за такви купувања и плаќања да се искористи соодветен кредит, кој има пониска каматна стапка.
За жал, многу луѓе не прават разлика на овој начин и го користат дозволеното пречекорување кога и немаат потреба, несвесно влегуваат во “зона” од каде што ќе им биде тешко да излезат.
Камата на дозволено пречекорување секогаш се пресметува дневно и тоа исклучиво на делот што е искористен. Ова значи дека додека имаме позитивен биланс на сметката, банката не наплатува никаков надомест.