Од денес Силк Роад Банка воведува нов единствен и иновативен производ на пазарот во Македонија со можност за паузирање на месечните рати од отплатата на кредитот.
„Направи пауза“ e новиот ненаменски потрошувачки кредит за физички лица кој овозможува да го прескокнете отплаќањето на месечните рати, кога Вам ви одговара.
Максималниот број на прескокнати рати во текот на отплата на кредитот изнесува три.
Износот на кредитот е од 12,000 денари до 300.000 денари, со рок на отплата од 6 до 48 месеци. Каматната стапка е фиксна во текот на целосната отплата на кредитот и изнесува 6 отсто за клиентите кои ја добиваат платата преку Силк Роуд Банка.
Искористете го промотивниот период до 31.08.2018 година и аплицирајте во најблиската експозитура на банката без трошоци за провизија и надомест за разгледување на барањето.
Дознајте повеќе на веб страната на банката.