НЛБ Банка го продолжува промотивниот период за аплицирање за кредити за физички лица. Во соопштението кое го објави банката стои дека клиентите ќе може да аплицираат за добивање на кредит со многу промотивни половности до 30.06.2018 година .
Клиентите кои ќе аплицираат до 30.06.2018 ќе ги добијат следниве поволности:
- Без трошоци за одобрување за ризико потрошувачките кредити и сребрениот потрошувачки кредит и 50% пониски трошоци за одобрување за останатите потрошувачки кредити
- Без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка за станбените кредити
- Без трошоци за одобрување на автомобилските кредити и 50% пониски трошоци за одобрување за хипотекарните кредити
Повеќе информации може да се добијат на линкот, во најблиската експозитура на Банката или на телефон 02/15 – 600.