Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.05.-31.05.2018 година вкупниот промет изнесувал 860.952.073 денари и е зголемен во однос на април за 46,64 отсто. Поголемиот промет главно се должи на блок трансакциите.

Класичното тргување изнесува 416.590.612 денари и е зголемено во однос на април за 4.20 отсто кога изнесувало 399.793.604 денари.

Во класично тргување истргувани се акции во вредност од 386.376.980 денари и обврзници во вредност од 30.213.632 денари.

Блок трансакциите за мај изнесувале 444.361.461 денари.

Бројот на трансакции за мај изнесувал 2.299 и е зголемен за 31,52 отсто во однос на април кога изнесувале 1.748.

Најтргувани акции на официјалниот пазар се на Комерцијална банка, следи Алкалоид и Стопанска банка АД Скопје е на трето место.

Месечниот статистички билтен за мај 2018 година можете да го погледнете тука.