Алианц групациајта и Уни Кредит потпишаа договор за партнерство, со кој банката станува ексклузивен партнер во продажбата на животно осигурување, осигурување на имот и незгоди, во следниве земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ): Хрватска, Бугарија, Чешка, Унгарија, Романија, Словенија и Словачка.

Соработката треба да ги обедини силната банкарска франшиза и стручноста во оласта на осигурување на гермаската компанија. Уни Кредит, во споменатите земји, има широка мрежа на филијали и дигитални платформи, преку кои, на нивните клиенти, треба да се овозможи едноставен пристап до продуктите на Алианц.

Осигурителниот сектор во ЦИЕ е со послаб степен на пенетрација споредено со западните пазари и затоа има потенцијал за значаен раст. Се очекува во голема мера растот да биде остварен преку банкоосигурувањето, кој се очекува да биде значаен канал на дистрибуција.