Вработените и менаџерите во Комерцијална банка АД Скопјеподдржани од македонски музички ѕвезди и Пакомакво сабота, 9 јунипреку волонтерска екоакција Чиста навика“ за чистење на Градскиот парк и кејот ќе го дадат својот придонес за подигнување на свеста за потребата од поголема грижа за животната средина.

Со оваа акција Комерцијална банка АД Скопје и нејзините вработени, поддржани од Пакомак и македонските музички ѕвезди Влатко Стефановски, Весна Гиновска Илкова ичленовите на групата Синтезис, ќе покажат уште еднаш дека како свесни и одговорничленови на општеството знаат што се добри и здрави навики.

Со самоиницијативното чистење на Градскиот парк и кејот, Комерцијална банка ќе потсетиколку малку треба за да имаме здрава и чиста околина, со која сите ќе се гордееме.

Грижата за околината е една од важните одредници на општествено одговорното работење на Комерцијална банка и во согласност со тие вредности го инициравме овој еко-проект. Ова е само еден мал чекор, но нашата цел е овие акции да продолжат и да вклучатшто повеќе граѓани и институции, бидејќи грижата за околината е наша заедничкаодговорност.

Еко-акцијата ќе се спроведе на 9 јуни (сабота) од 9.00 до 10.30 часот. Акцијата ќе биде подмотото  Чиста навика“ бидејќи тоа е дел од позитивните навики на банката и на вработените во грижата за општеството. За жал, постојат бројни локации, во и надвор однаселените средини, кои се загадени со отпад, за што одговорност имаат и самите граѓани,чија еколошка свест треба да биде на повисоко ниво.
Оваа акција е надополнување на веќе иницираните активности на Комерцијална банка зазаштита на околината. Банката во изминатиот период набави службени велосипеди завработените со цел да се намали употребата на автомобили, постави еко-пораки наслиповите од банкоматите, презема активности за намалување на употребата на хартија ина потрошувачката на електрична енергија, редовно врши рециклирање итн.

Извор: Капитал