Ајде да научиме како и зошто треба да штедиме со „Финансиската училница“ на Комерцијална банка!
Октомври традиционално го одбележуваме како месец на штедење, па по тој повод во „Финансиската училница“ имаме нова лекција.
Современиот брз начин на живот и изобилството од производи и услуги што ни се достапни понекогаш нѐ тераат на импулсивна потрошувачка и зголемен консумеризам. Потребата да го имаме тоа што го гледаме (иако не ни е баш потребно) најчесто нѐ води до драстично намалување и недостиг на средства за нашите реални идни потреби.
Како да ги избегнеме овие ситуации? Со стекнување навика за штедење и рационално трошење.
Прочитајте повеќе на https://kb.mk/finansiska-ucilnica.nspx.