Академијата за банкарство и информатичка технологија организира обука за сите млади банкари, приправници, студенти на економските и правните факултети, дипломци, специјализанти, магистранти, истражувачи, индивидуални инвеститори, претставници на трговски друштва, новинари, и сите оние кои што професионално или лично се заинтересирани да се запознаат со вицегувернерот на Народната банка на Р. Македонија.
Тема на оваа обука е: “Предизвиците за централните банки во периодот по избувнувањето на глобалната економска криза, со фокус на монетарната политика во Р. Македонија”
Со аконтација од 1.500 МКД за учество на семинарот се добива БЕСПЛАТЕН учебник (книга) „Банкарство и банкарско работење“, ново издание (520 стр.) од поранешниот Гувернер на НБРМ, Проф. д-р Љубе Трпески.
Обуката ќе се одржи во конференциската сала на 9 кат во НБРМ, од 10 до 13 часот. Пријавувањето за сите заинтересирани кандидати трае до 15 мај на следниов линк.