Тажна слика денес споделија од регионот Преспа во однос на нивниот стратегиски производ, јаболката.
Како што пренесуваат преку социјалните медиуми, јаболкарите од Преспа, во неможност за продажба или складирање, а и со оглед дека дојде и месец април а нема никаков пласман на јаболката и цени под секое достоинство, се одлучија на ваков радикален и жалосен чекор.
Навистина, сликата вреди илјадници зборови и што и да се каже е бесцелно.
Мора овој стратегиски производ на нашата земја да се третира со заслужено внимание и стратегија која мора да биде изготвена од државата на највисоко ниво. Ова е приоритет во поглед на нашето земјоделие и секој изговор за вакви ситуации е неоправдан и неприфатлив, воопшто.