Аеродромот „Џексон“ во Атланта, во сојузната американска држава Џорџија, 21. пат по ред е прогласен за најпрометен аеродром во светот.

Минатата година на аеродромот се регистрирани повеќе од 107 милиони патници. Сепак, овој аеродром не е на првото место по бројот на летови.

Освен аеродромот „Џексон“, во светот само уште еден аеродром имал над 100 милиони патници годишно. Станува збор за аеродромот во Пекинг, а на трето место се наоѓа аеродромот во Дубаи со 89,1  милиони патници.

Зад нив следат аеродромите во Лос Анџелес, Ханеда во Токио, О’Хара во Чикаго, Хитроу во Лондон, аеродромот во Хонгконг, потоа аеродромот во Шангај, а на 10. место е аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз со 72,2 милиони патници.