Од почетокот на годината до 1 октомври, бројот на активните баратели на работа се намалил за 7.167 покажуваат податоците од Агенцијата за вработување.
Според статистиката на Агенцијата, во јануари имало 111.896 луѓе што секој месец се пријавувале и се изјасниле како активни баратели на работа, додека септември завршил со 104.729 баратели на работа.

Покрај овие активни баратели на работа, се пријавуваат и други лица што бараат работа. Тие не доаѓаат секој месец на отчет во Агенцијата и се претпоставува дека веќе имаат некој ангажман што не е со редовно вработување и дека се евидентираат само за здравствено осигурување. И нивниот број се намалил – во јануари биле 46.064, а во септември е 44.306.