Девизните резерви бележат раст, инфлацијата забавува, додека стабилноста на банкарскиот и натаму зајакнува, се бележи во Извештајот за кредитниот рејтинг на земјава од агенцијата „Стандард и Пурс“, во кој таа го потврдува рејтингот „ББ-“, со стабилен изглед.
Во делот во кој Агенцијата прави процена на отпорноста на економијата за справување со надворешни шокови, се наведува дека во декември минатата година девизните резерви се зголемија на нивото од околу пет милијарди евра , главно како резултат на откупот на девизи од страна на Народната банка. Очекувањата на Агенцијата се дека тие ќе бидат стабилни и понатаму, меѓу другото поддржани и од странските директни инвестиции.
Од Агенцијата нагласуваат дека за 2024 година просечната инфлација во земјава забави сведувајќи се од 20% на 3,5%.
Агенцијата посочува дека и покрај скорешните кризи, банкарскиот сектор е зајакнат, што се гледа и од историски високата стапка на адекватност на капиталот од 19% во третиот квартал од 2024 година и ниска стапка од 2,9% на нефункционалните кредити на крајот на ноември 2024 година. Народната банка продолжува со мерки за зајакнувањето на финансиската стабилност, преку зголемување стапката на противцикличниот слој на капиталот и интервенции кај задолжителната резерва во девизи, се забележува во Извештајот.