Цената за изнајмување зависи од сезоната и варира помеѓу 560.000 и 630.000 евра

Митската јахта на Аристотел Оназис и Џеки Кенеди се изнајмува, пишува Мадам Фигаро.

Како прибежиште за луксуз, легендарната јахта беше домаќин на многу истакнати личности во 1960-тите, поканети од Оназис и неговата последна сопруга. Марлен Дитрих, Френк Синатра, Грета Гарбо, Лиз Тејлор, како и Фарук, кралот на Египет и Сер Винстон Черчил, беа на гости на јахтата.

По неколкукратно менување на сопствениците, јахтата “Кристина О.” денес може да се ангажира преку компанијата за транспорт Morley Yacht. Цените за изнајмување зависат од сезоната и варираат помеѓу 560.000 и 630.000 евра.
Бродот е конструиран во 1943 година и бил дел поморска фрегата, именувана “Стормент”, наменета за борба со подморници во Втората светска војна. Потоа грчкиот милијардер го купува и го трансформира во суперјахта во 1954 година. Јахтата е прекрстена во “Кристина О” во 1998 година во спомен на ќерката на Оназис.

Во рамките на импресивниот ентериер на бродот може да се сместат до 250 гости. Јахтата има стан наречен Onasis, кој импресионира со својата приватна дневна трпезарија и џакузи. Јахтата е долга 99 метри, има гламурозна мермерна трпезарија, базен со морска вода, кој може да се конвертира во подиум, спортски комплекс, соба за деца и салон со камин, како и хелиодром за слетување на хеликоптери.

На декот на јахтата Оназис се жени за Џеки Кенеди во 1968 година. На истиот дек на истата јахта принцот на Монако Рение Трети се жени со актерката Грејс Кели во 1956 година. Сето ова ја објаснува високата цена за наем на јахтата.