Акцијата „Синџир“ во која се опфатени 28 фирми и има 26 осомничени од разни градови за измама од 8 милиони евра е за иста шема на измама за која претходно информираше УЈП, со која се правел лажен поврат на ДДВ. Но, како што изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, станува збор за друга група даночни обврзници.
– За вчерашната акција сите документи што се побарани од Финансиската полиција се доставени од УЈП – рече Лукаревска.
Таа ја објасни шемата. Во таа шема една фирма издава фиктивно фактура на друга фирма со која за тоа се договара. Потоа Даночниот институт го откупува побарувањето за поврат на ДДВ што би му следувал од државата и неовластено си го наплатува од државниот буџет.
Таа рече дека Даночниот институт е укинат поради тоа што се злоупотребувал.