Акционерите од „Топлификација“ испратија отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев и други институции во државата.
Во писмото тие информираат дека се доведени во тешка ситуација, со низа незаконски активности кои во минатото се случиле, а се на штета на „Топлификација АД“. Велат дека поради лажен стечај, со нарачани судски постапки и помош од државни функционери и адвокатски куќи, Топлификација и акционерите биле оштетени за повеќе од 34 милиони евра.
Бараат санционирање на незаконските постапувања и велат дека имаат сериозни индиции и докази за криминал, сторен од страна на компанија која функционира во земјата.
Нивното писмо го пренесуваме во целост: