Како да се преживее во Македонија со овие плати е прашање што си го поставуваат многу од граѓаните, особено оние што имаат кредит или живеат под кирија. И покрај тоа што официјалните информации покажуваат дека стапката на инфлација паѓа, ситуацијата на терен е поинаква. Освен цените на храната, расте и цената за изнајмување стан. Така, едно четиричлено семејство што има станбен кредит или живее во изнајмен стан, не го „перат“ ни 1.500 евра. Според последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија, на едно семејство месечно му се потребни минимум 57.476 денари, односно околу 1.000 евра за да го истурка февруари. Тоа значи дека на семејство во кое двајцата родители се со минимален доход, му недостигаат речиси седумнаесет и пол илјади денари.

И од Сојузот на синдикати на Македонија потврдуваат дека доколку семејството има кредит за стан или живее под кирија, оваа сума драстично се зголемува и едвај може да се покрие со две просечни плати од по 38 илјади денари.
– Доколку едно четиричлено семејство има станбен кредит или живее под кирија, потребни му се околу 1.500 евра со оглед на тоа што во Скопје не може да се изнајми стан под 250 евра. Кога станува збор за четиричлено семејство што живее под кирија, во тој случај ни две просечни плати не ја покриваат минималната потрошувачка кошничка. Доколку забележиме понатамошно зголемување на сумата за изнајмување стан, ќе ја ревидираме оваа ставка – изјави за весникот ВЕЧЕР Иван Пешевски, потпретседател на ССК.
Споредено со претходниот месец, синдикалната кошничка во февруари е зголемена за 313 денари, а најголемо зголемување има во делот на храната, пијалаците, горивото…
– Цените што се земени во кошничката, ги бркаме секој месец. Повторно има зголемување на цените во делот на храната, пијалаците, горивото… и затоа имаме зголемување од 313 денари. Само горивото, во просек, е зголемено за 7 денари за литар. Сето ова покажува дека информациите за намалување на стапката на инфлација не се точни, со оглед на тоа дека ситуацијата на терен е поинаква, односно секој месец имаме зголемување на цените – вели Пешевски.
Најголема ставка се храната и пијалаците – 21.219 денари, а потоа се образованието со 7.022 денара и режиските трошоци со 6.014 денари. За транспорт, месечно, четиричлено семејство треба да издвои 4.956 денари, а за рекреација и култура – 4.245 денари. За двете ставки, лична хигиена и хигиена во домот, односно за здравје, треба да се одвојат вкупно 2.912 денари.
И економските експерт се согласуваат дека животот станува сè поскап и оти цените на храната се нереално високи.
– Катастрофалните економски политики на Владата доведоа до огромен крах и до зголемување на сиромаштијата во Македонија. Од извозници на храна, ние станавме увозници на храна, што е парадокс. Така, на пример, цената на храната во Словенија (месо, млеко) е пониска отколку во Македонија, а нивниот стандард е повисок, притоа имаат ДДВ од 22 отсто. Цените на прехранбените производи се нереално високи и инспекциите треба да направат анализа и да видат зошто е тоа така. Данокот од неспособните приучени кадри на власта се отсликува во катастрофалниот економски живот во Македонија – вели за весникот ВЕЧЕР економскиот експерт Синиша Пекевски.
Методологијата за пресметување на синдикалната кошничка, која во изминатите десетина години често беше оспорувана, од Владата и надлежните, во декември минатата година претрпе измени, а пресметките и анализите за висината на минималната синдикална кошничка беа изработени од двајца поранешни министри за финансии, Никола Поповски и Драган Тевдовски.