Ако маркетите енормно ги зголемат цените по завршување на мерката за замрзнати цени и ограничени маржи ќе следуваат поригоризни мерки. Министерот за економија ги предупреди на трговците два дена пред завршување на владините мерки. Во Економија веќе имаат две идеи како да ги „казнат“ маркетите доколку цените драстично скокнат од 1 мај.
-Скоро се ќе опфатиме со таа одлука или таа мерка, ќе ги опфатиме сите производи што ги имаат во ланците. Или по ограничување маржите на сите тие производи или ќе биде вредноста на ограничување на маржите поголемо, вели министерот Бесар Дурмиши.
Дуршими е задоволен од досегашната мерка. Вели дека граѓаните заштедиле од ограничените маржи.
Во Министерството веќе е изготвена драфт верзија од новата потрошувачка кошница. Но таа ќе остане тајна за јавноста додека не биде доставена пред Економско социјалниот совет. Дурмиши вели, цените ги споредувале во повеќе ланци на објекти, а во неа ќе бидат вметнати сезонски производи кои навистина граѓаните ги купуваат.
-Работната група веќе два месеци работи. Мислам дека идниот месец ќе го имаме документот кој прво ќе биде разгледан од другите членови на Владата и потоа кога ќе се формира репрезентативност на Синдикатите ќе биде доставен и до ЕСС, ќе се разгледа и мислам дека ќе гласа и ќе биде достапна за јавноста, вели Дурмиши.
Се уште не се знае дали потрошувачката кошница ќе биде за тричлено или за четиричлено семејство. За власта спорна е минималната синкална кошница која ја изготвува ССМ. Сметаат дека таа нереално ги прикажува реалните трошоци на граѓаните. За месец април Синдикатот пресмета дека на едно семејство за да го помине месецот потребни му се 62.691 денар.