Според неодамнешниот извештај на банките во Америка, да сте вложиле еден долар во биткоин на почетокот на оваа деценија, денес тоа би вредело повеќе од 90.000 долари.

Биткоинот денес вреди околу 7.000 американски долари. Иако е ова многу пониска цена која беше достигната пред две години, значајно е повисока од неколкуте центи колку што чинеше биткоинот пред 10 години, пренесува Си-Ен-Ен.

Биткоинот е и понатаму високоризична инвестиција, но станала најпопуларна и широко прифатена крпито валута во последнава деценија. Се повеќе има места на кои биткоинот се прифаќа како средство за плаќање, а неколку инвестицикси компании и се повеќе менувачници го наведуваат како легитимна валита за трговија.

Фејсбук веќе долго време планира да ја лансира својата дигитална валута под називот „Вага“, што само покажува дека крипто валутите стануваат се пораспространети и дека се повеќе инвеститори ќе обрнуваат внимание на нив.

Извештајот на Банка на Америка исто така изнесува неколку други интересни факти за движењето на пазарот во текот на последната деценија. После глобалната финансиска криза кон крајот на претходната деценија, пазарот закрепнал, залихите пораснале на нови висика и покрај американско-кинеската бизнис војна, и покрај нападот на Трамп на Сојузните резерви, неизвесноста околу Брегзит и економскиот пад во Европа, како и поради постојаната лоша ситуација во Јапонија.