Една од најголемите европски осигурителни куќи француската  Акса, склучија долгорочно партнерство во доменот на банкоосигурување со холандска банка ИНГ. Соработката ќе овозможи на клиентите на ИНГ во Германија, Австралија, Италија, Франција, Чешка и Австрија, да склучат осигурување преку нејзината дигитална осигурителна платформа.

ИНГ и Акса заедно ќе работат на развој на индивидуални производи за осигурување и истите би биле поврзани и достапни преку ИНГ мобилната апликација.

„Нашето партнерство со Акса додава важна димензија на нашата амбиција да изградиме една платформа посветена на клиентите и место за нивните финансиски потреби“, изјави Ралф Хамерс, претседател на управата на ИНГ групацијата. „Додавањето на индивидуални осигурителни производи кои се неопходни за животните потреби ќе помогне да ги задржиме своите клиенти.“, додава Хамерс.  Според него, соработката треба да ги соедини „водечките дигитални банкарски можности“ на ИНГ и „стручноста во осигурувањето“ на Акса, што ќе овозможи изработка на меѓународна платформа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Осигурај се