Францускиот индекс „CAC 40“ падна за 0,2% на 5.533 поени, германски „DAX“ за 0,1% на 12.929 поени, додека пак италијанскиот „FTSE Mib“ исто така забележа пад за 1,4% на 22.094 поени, пренесе агенцијата „AP“.
Британските и американските пазари денес се затворени поради одбележувањето на државeн празник, што значи дека глобалното тргување е многу пониско од сите претходни.
Поради неизвесната политичка ситуација во Италија, која ни по 12-те недели од одржувањето на парламентарните избори, не формираше влада, еврото падна од 1,1643 долари на 1,1652 долари минатата недела, информира „Business Insider“.
Во Азија, јапонскиот индекс „Nikei“ порасна за 0,1% на 22.481,09 поени, а јужнокорејскиот „Kospi“ забележа раст од 0,7% на 2.478,96 поени.