Со вчерашното затварање на берзата се затвори и оваа работна недела, па сублимирано имаме победници и губитници за време на трговскиот ден во петокот 31/08/2018. Повеќе информации Тука

Она што беше впечатливо е остриот раст кај акциите на Макоштед АД Скопје од 26,37 % што во суштина во еден ден цената на овие акции порасна за една четвртина од нивната претходна вредност што е извонреден скок.

На што се должи овој раст на цената на акциите на Макошпед АД Скопје и зголемениот интерес за истите, немаме информации но со објавувањето на семестралните финансиски показатели на нивните конкуренти на пазарот, сигурно некој има некои информации на што се должи и овој зголемен интерес.

Губитник на денот е АрцелорМиттал кој изгуби скоро една десеттина од вредноста само во еден ден.

Слабите приноси тука може да ги препишеме на се послабата коњуктура на пазарите за метали ширум светот и долгорочното опаѓање на цената на повеќе метали на странските берзи.

Сублимирано, оваа недела беше солидна недела на Македонската Берза која се повеќе пројавува знаци на живот после неколкугодишната апстиненција и мртвило.

 

Анализа на БанкоМетар.мк 01/09/2018