Вчерашниот ден, 27.06. беше пеколен за многу компании на Волстрит. Акциите на многу од компаниите доживеаа падови, а најмногу се одрази на технолошките компании во просек за 1.5%.

Ваквите падови се должат нанапнатоста во трговските односи меѓу Вашингтон и Пекинг по новите пораки од Белата куќа за ограничување на инвестициите во кинески компании во американскиот технолошки сектор.

Sow Jones падна за 165 бодови или 0,68% на 24.117 бодови, а S&P 500 падна за 0,86% на 2.699 бодови, додека индексот Nasdaq изгуби 1,54% и падна на 7.445 бодови.

Претседателот на САД Доналд Трамп се заканува со нов бран царини ако Кина не направи поголеми отстапки, но Пекинг не попушта ои најавува противмерки со ист интензитет.

Трговските тензии дополнително растат и со влошувањето на односите меѓу САД и ЕУ која од петокот наплаќа царини од 25% на увоз на американски производи. Ваквата постапка на ЕУ е одговор на одлуката на Вашингтон да воведе царини на увозот на челик и алуминиум.