Зголемениот интерес и акционерските прегрупирања во Комерцијална банка АД Скопје предизвикаа пораст на вредноста на акциите на банката.

 

Имено, акцијата на Комерцијална банка вчера се продаваше по максимална цена од 5.050 денари за акција што е зголемување по околу 700 денари за акција во однос на минатиот месец кога вредноста на акцијата на банката се движеше околу границата од 4.300 денари.