Бруто приходот од испораките на гас во Европа и на другите локации, освен во Русија и поранешните советски републики, изнесува 587 милијарди рубљи, што е за 73 отсто помалку од истиот период минатата година.
Нето-профитот на руската енергетска компанија падна за 45 отсто во третиот квартал, на 212 милијарди рубљи (3,3 милијарди долари), во однос на истиот период минатата година, објави компанијата.
До падот дојде поради намалениот обем на извоз на природен гас и неговите пониски цени, порачуваат од руската компанија, а пренесува турската новинска агенција „Анадолија“.
Бруто приходот од испораките на гас во Европа и на другите локации, освен во Русија и поранешните советски републики, изнесува 587 милијарди рубљи, што е за 73 отсто помалку од истиот период минатата година.
Сепак, нето добивките на „Гаспром“ во периодот јануари-септември 2019 година, на годишно ниво, пораснаа за три отсто на една милијарда рубљи. Во 2018 година, нето профитот на овој најголем произведувач на природен гас достигна 1,5 милјарди рубљи (22,5 милијарди долари).