Поради недостатокот од работна сила албанските берачи годинава бараат од 1.500 до 1.600 денари дневница, но голем дел од производителите нема да можат да ги платат поради ниската цена на јаболката кои се оштетени од невремето. Овоштарите велат дека родот годинава е добар, но е преполовен од невремето во јули кое оштети од 50 до 70 отсто од јаболката. Оние кои се останати се оштетени, а нивната откупна цена се движи од 1 до 1,5 денари за килограм која не може да ги покрие ниту трошоците за производство
Поради зголемениот број на заразени од ковид-19 неизвесно е дали албанските берачи годинава ќе дојдат во Преспа да ги оберат јаболката. Овоштарите велат дека родот годинава е добар, но е преполовен од невремето во јули кое оштети од 50 до 70 отсто од јаболката.
Оние кои се останати се оштетени, а нивната откупна цена е многу ниска па се плашат дека нема да можат да ги платат албанските берачи кој годинава ги качија дневницата и бараат над 25 евра на ден. Но, сепак се согласни дека е потребна дополнителна работна рака, бидејќи локалното население не може само да ги обере јаболката, па се надеваат дека нема да се затворат границите за да можат да дојдат берачите од Албанија.
Овоштарите од Преспа се жалат дека годинава откупната цена ќе биде многу ниска, бидејќи поголемиот дел од јаболката се оштетени и ќе одат за индустриска преработка. Индустриските јаболка се откупуваат по цена од 1 до 1,5 денари за килограм која не може да ги покрие ниту трошоците за производство. Освен покривање на штетата од невремето производителите бараат откупна цена на јаболката за преработка да биде од 3 до 4 денари за килограм.
-Оние јаболка кои не се зафатени од невремето и кои редовно се наводнуваа имаат добар квалитет, Но, за жал, поголем дел од јаболката, односно 50 до 70 отсто се оштетени од невремето, а и количествата се намалени. Оние кои се оштетени од градот одат за индустриска преработка и нивната цена е многу ниска се откупуваат за 1 до 1,5 денари за килограм. Бараме откупната цена на индустриското јаболко да биде од 3 до 4 денари за да можеме да ги покриеме трошоците за ѓубрива, препарати, работна рака…. вели за ВЕЧЕР овоштарот Здравко Лазаревски од Здружението на овоштари од Ресен.
Производствената цена на јаболката е од 8,5 до 9 денари, а оштетените јаболка се откупуваат од 6 до 7 денари за килограм која е многу ниска и не ги покрива трошоците за производство. Откупната цена за прва класа треба да биде 15 денари за да им се исплати трудот на овоштарите.
Лазаревски вели дека климатските промени им задаваат голем удар на производителите на јаболка кои секоја година мака мачат да го заштитат родот од суши, невреме, град, мразеви. Овоштарите кои имаа штети на насадите требаше до 27 август да ги пријават во општината за да бидат обесштетени.
Комисијата веќе направи проценка на штетите, а овоштарите го чекаат обесштетувањето кое се надеваат дека ќе биде реално и оти парите ќе ги добијат наскоро за да можат да ги покријат трошоците и да купат препарати за наредното производство.
-Поради недостатокот од работна сила албанските берачи годинава бараат од 1.500 до 1.600 денари дневница, но голем дел од производителите нема да можат да ги платат поради ниската цена на јаболката кои се оштетени од невремето. Од друга страна, поради короната некои се плашат да ги примат дома, бидејќи им нудиме сместување и храна и практично постојано сме со нив. Но, сепак албанските берачи се неопходни за оние кои имаат повеќе хектари со јаболка бидејќи не можат сами да ги оберат, додава Лазаревски.
Бербата треба да почне околу 20 септември, а родот треба да биде собран до 1 ноември. Во Преспа вообичаено се потребни од 1.000 до 2.000 берачи кои најчесто доаѓаат од Албанија. Лани дневниците на берачите се движеа од 1.000 до 1.200 денари.