Кинеската компанија за онлајн трговија ,,Алибаба” планира да излезе на берзата во Хонг Конг последната недела од ноември, со цел заработат до 15 милијарди долари.
Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на двајца неименувани извори кои се директно запознаени со ситуацијата.
Процесот на ,,Алибаба” за пронаоѓање потенцијални инвеститори и котација на акции треба да се одвива во недела што започнува на 25 ноември, според истите извори кои побараа да останат анонимни заради чувствителноста на информацијата.
Компанијата прво треба да побара одобрение од Комисијата за котирање на акции во Хонг Конг следната недела.
Јавната понуда на акциите на Алибаба, чија примарна берза е во САД, се одржува во клучно време за иднината на Хонг Конг, потресена со повеќемесечни антивладини протести.
,,Алибаба” во моментов има водечка позиција во светот во однос на зголемената вредност за време на првичната јавна понуда, бидејќи собра 25 милијарди американски долари на Њујоршката берза во 2014 година.