Како резултат на тоа, вкупниот персонал на Амазон во Германија ќе се зголеми на над 20.000 луѓе кои работат на над 35 локации до крајот на 2019 година.
Американскиот малопродажен синџир Амазон планира да отвори нов магацин во Германија оваа година, кој треба да создаде над 2.800 нови постојани работни места на вториот по големина пазар на компанијата по САД.
Како резултат на тоа, вкупниот персонал на Амазон во Германија ќе се зголеми на повеќе од 20.000 луѓе кои работат на повеќе од 35 локации до крајот на 2019 година, се вели во соопштението од неделата издадено од компанијата, цитирано од Ројтерс.
Исто така, се наведува дека 13-тата продавница за компанијата во земјата ќе биде во западниот град Минхен.
Веста доаѓа во време на тековните битки на компанијата со синдикатите во Германија кои инсистираат на повисоки плати и подобри работни услови за вработените во логистичкиот сектор кои организираа неколку протести од 2013 година.