Технолошкиот гигант Амазон забележа рекордна добивка во второто тримесечје од 2,5 милијарди долари, речиси 12 пати поголема отколку во истиот период лани.
Според последниот извештај, продажбата на овој е-ланец достигна 52,9 милијарди долари во претходниот квартал, што е за 39 отсто повеќе од истиот период минатата година.
– Тоа беше силен квартал, а резултатите се припишуваат на продолжување на силниот раст во некои од нашите најпрофитабилни области, истакна Брајан Олсавски, финансиски директор на Амазон.
Во работењето со „клоуд“ услуги, продажбата на Амазон се зголеми за речиси 50 отсто, на годишно ниво на 6,1 милијарда долари.
Амазон, исто така, заработува повеќе од рекламирање, така што приходот на компанијата од „други категории“, што вклучува и рекламирање, е повеќе од двојно, на околу 2,2 милијарди долари.
МИА