Просечен Американец се повеќе време поминува во својот автомобил на пат кон работа.
Како што пренесува „Вашингтон пост“, просечното патување во САД во 2018 година траело 27,1 минути.
Тоа е за две минути повеќе од десет години порано, што значи дека возачите возат 20 минути подолго секоја недела. Севкупно, просечниот Американец троши 225 часа годишно патувајќи кон и од дома.
Истражувањата покажуваат дека зголемувањето се должи на зголемениот број на работници кои имаат долги патувања за работа.
Скоро 10% од луѓето патуваат да работат најмалку 60 минути, додека дури 1 милион луѓе имаат 90 минутно патување.
Подолгите патувања логички имаат голем број на негативни ефекти, како што се зголемување на дебелината, развод и сè почести отсуства.
Покрај тоа, подолгите патувања значат поголема потрошувачка на гориво, и повторно ова резултира во поголеми емисии.
Спасот може да се најде при автономно возење. Иако целосно автономно возење е сè уште далеку, модерните системи можат значително да го олеснат и да ги направат подолгите патувања помалку стресни и побезбедни.
Забрането превземање на содржината без претходна дозвола од редакцијата на БанкоМетар.мк