Агенцијата Standard and Poor’s или S&P е обвинета дека за време на светската економска криза во 2008 година, намерно ги намалувала своите критериуми за проценка на ризикот, со цел да го зголеми кредитниот рејтинг на некои производи.
Против компанијата се поднесени најмалку две тужби за околу 150 милиони долари, и тоа од локални влади и пензиски фондови во Австралија. Како резултат на погрешните проценки тие ги навеле своите клиенти да инвестираат, притоа нанесувајќи им огромни финансиски загуби.
Покрај S&P, уште две големи американски агенции за кредитен ризик Moody’s, и Fitch Group се обвинети за намерно икривување на показателите, со што нанеле финансиски штети. Некои од Европските влади исто така ги обвинија овие три американски агенции за нереалните показатели кои тие ги прикажале во своите извештаи за дел од земјите на Евро-зоната.