Економијата на САД забави во првиот квартал, одразувајќи го забавувањето на личната потрошувачка, извозот и државните трошоци, покажаа првите проценки на Министерството за трговија во четвртокот.
Во периодот од јануари до март американскиот бруто домашен производ (БДП) е зголемен за три отсто во однос на истиот период лани, пресмета Министерството. Во четвртиот квартал минатата година тој порасна за 3,1 отсто.
Тримесечната споредба покажува раст на активноста од 0,4 отсто на почетокот на годината, што е за половина послаб од крајот на 2023 година.
Годишната стапка на раст, која покажува колку БДП би пораснал пред една година доколку растеше со иста квартална стапка во секој квартал како и во последните три месеци, во првиот квартал годинава изнесуваше 1,6 отсто. Во четвртиот квартал од 2023 година тој беше повеќе од двојно поголем и изнесуваше 3,4 отсто.
Личната потрошувачка, клучен столб на најголемата светска економија, се зголеми во првиот квартал за 2,4 отсто во споредба со истиот период лани од 2,7 отсто раст на крајот на 2023 година.
Државните трошоци се зголемени за 3,7 отсто, што е значително поблаго отколку во претходните три месеци кога скокнаа за 4,6 отсто.
Речиси стагнираше извозот на стоки и услуги, по растот од 1,8 отсто во периодот од октомври до декември.