Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека имала продуктивни состаноци за предложената максимална цена на руската нафта со голем број земји на маргините на состанокот на шефовите за финансии на Г20.

– Во врска со трошоците за енергија, имав продуктивни билатерални состаноци со повеќе колеги на кои разговаравме за придобивките од ограничувањата на цените и како тие можат да ни помогнат да ги постигнеме нашите цели да му ги ускратиме приходите на Путин за неговата воена машина, а истовремено да ги намалиме трошоците за енергија, рече таа.

Таа додаде дека ограничувањето на цените е една од најмоќните достапни алатки за решавање на проблемот со високите цени со кои се соочуваат луѓето во Америка и ширум светот.