Уште една во низата на централни или народни банки која започна анти кампања против крипто-валутите е Англиската централна банка барајќи за нив поголема регулација како и ограничување во употребата на пазарот со предупредување дека станува збор за меур кој откако ќе пукне ќе предизвика огромни проблеми за инвеститорите, како и за сите трговци и субјекти кои прифатиле плаќања во биткоини или слично крипто средства.
Според гувернерот Марк Карни на Англиската банка крипто-валутите пропаѓаат бидејќи речиси никаде не може да се користат самостојно, а и таму каде се применуваат се во корелација со традиционалните валути за размена или за потврда на вредноста.
Затоа Марк Карни смета дека крипто-валутите нема потреба целосно да се забранат, туку да се воспостави ригидна и обемна регулатива за начинот на кој ќе се употребуваат, особено за заштита на корисниците и спречување на нелегални активности.