Секоја криза може да се предвиди, тврди Michael Snyder, американски економист кој пишува на The Economic Collapse Blog. Во неговиот последен пост ги наведува показателите за можна нова криза. Тој наведува дека падот на цените на стоките е вообичаен пред почеток на рецесија.
Состојбата во Америка е слична на состојбата која предходеше на финансискиот колапс во 2008 година. Авторот на блогот не се согласува со оние кои мислат дека големите кризи и колапси не може да се предвидат, проучувајќи ја историјата на таквите кризи, забележал индикатори кои се повторуваат.
Како прв пример, тој го наведува намалувањето на цените на нафтата, која само два пати во историјата бележи пад за повеќе од 50 долари за шест месеци. Првиот таков пад и претходеше на голема криза од 2008 година. Michael Snyder смета дека тоа најмногу ги погодуваа земјите кои зависат од енергетскиот сектор, па така падот на цените на нафтата сериозно штети на економијата во Тексас.
Во последниве години банките на Wall Street заработија многу пари со кредитирање на енергетската индустрија, Michael Snyder заклучува дека негативната состојба во енергетскиот сектор има ефект и врз нив. Кредити кои банките ги имаат издадено се премногу големи, а тоа најдобро е опишано од страна на фактот дека кредитирањето на лошо оценетите компании се зголеми од 40 милијарди долари во 2009 на 210 милијарди долари во 2014 година. Блогерот верува дека оваа ситуација е слична на онаа која и претходеше на кризата предизвикана од хипотекарните кредити. Третата причина за загриженост вели дека е забавувањето на глобалната трговија, што обично се случува кога економските услови постануваат неповолни и алармантни.
Michael Snyder е уверен дека еуфоријата на Wall Street поради доброто котирање на околу двеста акции, нема да потрае подолго време. Тој кажува дека состојбата, кога корпоративните приходи по акција ќе започнат да паѓаат, ќе е идентична како пред падот на берзата во 2008 година. Од фондовите кои инвестирале во акции минатата година се повлечени 44 милијарди долари, а само минатата недела е забележан одлив од 6,1 милијарди долари, според американската банка Merrill Lynch.
Блогерот смета дека повеќето луѓе се заслепени од лажното чувство на самоодржливост на големиот пазар и наводната економска стабилност. Смета дека под навидум мирната површина се случуваат многу турбуленции. За оние кои не се во потрага по знаци за нова криза, порачува дека треба да почнат за да не се шокираат од она што доаѓа.
Tyler Durden, автор на Zero Hedge финансиски блог кој опфаќа вести од светот на економијата и мислења од разни извори, наведува дека глобалниот промет во јануари 2015 година е намален за 1,4 проценти во споредба со декември 2014 година, што е најголем пад од 2011 година.
Charles Hugh Smith во својот блог Of Two Minds, во кој ги проучува финансиите на азиските земји, економските трендови и социјалните проблеми, пишува дека бројките покажуваат пад на стапката на побарувачка на стоките за широка потрошувачка, која не е запишана од последната рецесија.