Популарните брендови имаат нематеријално влијание врз културата. Како симболи на минатото и сегашноста, тие се поврзани со идентитети, начин на живот и трендови во општеството.

Користејќи ги податоците од Wall St 24/7, еве некои класични американски брендови кои се во сопственост на странски компании.

Список на американски брендови во странска сопственост

183-годишната американска приказна за Тифани и Ко. заврши во 2019 година, откако францускиот луксузен гигант ЛВМХ ги објави плановите за преземање на компанијата.

Продажбата не помина без проблеми, но во 2021 година ЛМВХ го заврши купувањето за малку намалена цена од 16 милијарди долари.

Во годините потоа, заработката на Тифани се удвои, цената на акциите на ЛВМХ  порасна за 50 отсто, а Бернард Арно – претседател и извршен директор на ЛВМХ – стана најбогатиот човек на светот.

Друг американски бренд од 19 век, Лаки страјк (Lucky Strike“, ја смени сопственоста во 1994 година, кога Бритиш Американ тобако (British American Tobacco Company) ја купи Американската тутунска компанија.

Во меѓувреме, заштитниот знак на американскиот производител на автомобили, Крајслер се спои со Дајмлер-Бенц во 1998 година. Сепак, оттогаш компанијата се пресели и се спои со друга (Фиат) и сега е под групацијата Стелантис (Stellantis NV), со седиште во Хофдорп, Холандија.

Поново роден американски бренд (во споредба со гореспоменатите класики), Трејдер Џо (Trader Joe’s) остана во американска сопственост само 12 години откако беше основан во 1967 година. Тео Албрехт, сопственик и извршен директор на Алди (Aldi Nord), германски синџир супермаркети, го купи бизнисот во 1979 година. (Вижуал капиталист).