„Bank of America“ (BoA) забележа 34 проценти скок на профитот за првиот квартал, надминувајќи ги сериозно оценките на „Wall Street“, искористувајќи од повисоките каматни стапки и растот кај заемите и депозитите, соопштува „Ројтерс“.

Три од четирите главни бизниси на „BoA“ имаат раст на приходите. Во потрошувачкото банкарство, најголемата поделба, приходите се зголемија за 9%.

Повисоките камати и помогнаа на „BoA“ да наметне повисоки надоместоци врз кредитите, додека во исто време ја задржува ниска каматата на депозитите. Доверителот се потпира исклучително на многу повисоки каматни стапки, за да го максимизира профитот, бидејќи поседува голем број на депозити и чувствителните на камата хартии од вредност поддржани со хипотеки.

 

 

Пад од 1% на трошоците исто така помогнал на резултатите, откако долгогодишните напори на главниот извршен директор Брајан Мојнихам за нивно намалување носат придобивки.

Акциите на втората по големина американска банка по актива поскапеа за 1% во предпазарната трговија. Цената им се зголеми за 33% во последните 12 месеци, но падна за околу 3% слично на останатите банки во САД во петокот.

„Силната активност на клиентите во комбинација со растечката глобална економија и стабилната активност на корисниците во САД доведе до рекордна добивка за кварталот“, вели Мојнихан во соопштението.

Нето добивката е зголемена до 6,49 милијарди долари во трите месеци до крајот на март од 4,84 милијарди долари од пред една година. Добивката по акција е зголемена до 62 центи, што е над просечната прогноза на аналитичарите за 59 центи во анкета на „Thomson Reuters“.

Вкупните приходи, со исклучок на расходите за камати, се зголемија за 4% на 23,28 милијарди долари.

Единствениот бизнис кој го објавува падот на приходите е глобалното банкарство. Падот таму сепак е слаб – од 0,5%, предизвикан од пониските трошоци за инвестициско банкарство.

Некаматните трошоци на доверителот се спушти до 13,90 милијарди долари од 14,09 милијарди долари од пред 12 месеци.

Коефициентот на ефикасност – внимателно следен показател за приходите во однос на трошоците, бил на ниво од 60% во првите три месеци наспроти 63% една година порано. Нискиот коефициент укажува на тоа дека банката е поефикасна.

Приходите од „ВоА“ се зголемени за само 1%. Приходите од тргување со акции, без еднократни ефекти, скокна за 38%, а оние од трговија со фиксен принос се намалија за 13%.