Култниот американски производител на оружје Ремингтон вчера прогласи банкрот, со цел да може полесно да се договори со своите доверители.
Ремингтон се соочуваше со значителен пад на продажбата во изминатата година, информираше финансискиот директор Стивен Џексон, и има натрупани долгови од 950 милиони долари кои сака да ги репрограмира. Се работи за најстариот и еден о најголемите производители на пушки, пиштоли, сачмарки, лесно пешадиско оружје и муниција во САД.
Американската оружена индустрија се соочува со нови судски спорови по масакрот во средно училиште во Мајами, како и постојани критики во дел од медиумите, а во саботата се одржаа и масовни протест во низа градови во САД со барање да се ограничи правото на купување оружје.
Ремингтон е во доминантна сопственост на финансиската компанија Кербер од Њујорк, која се очекува да загуби контрола врз компанијата откако ќе заврши процесот на банкрот и расчистување на долговите.