Во четвртокот, американскиот Сенат го усвои законот за кој преговараа претседателот Џо Бајден и претседателот на Конгресот Кевин Мекарти за зголемување на плафонот на американскиот долг за 31,4 милијарди долари.
Сенатот гласаше со 63 гласа „за“ и 36 „против“ законот што во средата го усвои Претставничкиот дом по неколкумесечни несогласувања меѓу демократите и републиканците.
Министерството за финансии претходно предупреди дека нема да може да ги плати обврските доколку до 5 јуни не се донесе мерка.
„Вечерва избегнуваме неплаќање“, рече лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер.
Пред гласањето, сенаторите отфрлија десетина амандмани, испраќајќи го нацрт-законот до претседателот Џо Бајден на потпис пред крајниот рок.
Според новиот закон, федералниот лимит за задолжување ќе биде суспендиран до 1 јануари 2025 година.
Бајден рече дека двопартискиот договор е голема победа за американската економија и народ.