Улогата на Федералните резерви на САД е да обезбедат повеќе олеснувања за американските компании
Американските Федерални резерви објавија нова сеопфатна програма на мерки вредна 2, 3 милијарди долари за поддршка на локалните самоуправи и малите и средни претпријатија, со цел да се намалат штетите од пандемијата на коронавирусот.
Централната банка на САД соопшти дека ќе понуди преку банките четиригодишни позајмици за компаниите кои имаат до 10 илјади вработени, и најави дека директно ќе ги откупува обврзниците на сојузните држави, населените окрузи и градови, со цел да им помогне да одговорат на предизвикот од актуелната здравствена криза.
Претседателот на Федералните резерви на САД Џером Пауел изјави дека улогата на централната банка сега се проширува во однос на досегашниот вообичаен фокус на одржување на ликвидност и функционалност на пазарот,со цел да и помогне на државата да добие економски и финансиски простор за санирање на последиците од актуелната здравствената криза.
,,Најголем приоритет на САД е решавање на здравствената криза и воедење грижа околу заболените и спречување на ширењето на вирусот”, изјави директорот на американските федерални резерви, кој додаде дека улогата на оваа институција е да обезбеди повеќе олеснувања и стабилност за фирмите во периодот на принудите ограничувања на економските активности.