Пазарната оценка во Северна Америка е значително повисока отколку во Азија и Европа

Осум од првите десет гиганти во светот се американски. Другите две корпорации во Топ 10 се од Кина, се вели вонова студија од консултантската компанија EY од петокот. Во првите 100 има само две германски компании – SAP (52) и Алијанц (98). На крајот на 2017 година, во Германија имаше шест компании. Сега на ранг листата сè уште доминираат Мајкрософт, Амазон, Епл и Алфабет.

Повеќето од Топ 10 компании се во технолошкиот сектор. На 7 и 8 место се кинеските Alibaba и Tencent – исто така технолошки компании.

Лидер е софтверскиот гигант  “Мајкрософт” со пазарна капитализација од 1,03 трилиони долари ( износ од 27 јуни), проследен со Амазон со 938 милијарди долари и Apple со (919 милијарди долари).

Мајката компанија на Google – Alphabet (747 милијарди долари) и Facebook (541 милијарда долари) се четврти и петти. За споредба, SAP достигна пазарна вредност од околу 161 милијарда долари.

“Со дигиталните бизнис модели, американските компании успеаја да го погодат трендот на векот”, објаснува Хуберт Барт, извршен директор на EY за Германија, цитиран во соопштението за печатот. Со своите услуги и производи, корпорациите ја револуционизираа целата индустрија и продолжуваат да генерираат огромни профити.

“Класичните индустриски групи – се наоѓаат во средината на процесот на реорганизација и се соочуваат со сосема нови конкуренти”, рече Барт.

Повеќето компании: од ИТ секторот

Соодветно на тоа, ИТ секторот е најсилен во Топ 100: 24 компании се од информатичката технологија, што е повеќе од пред половина година.

Индустријата за производи за широка потрошувачка ја претставуваат 20 компании, финансискиот сектор – 19.

Северна Америка го нагласува своето тврдење дека е центар на глобалната економија и моментално е дом на 58 од првите 100 компании – уште една повеќе од крајот на 2018 година. Европа сé уште генерира 21 од водечките компании, додека Азиско Пацифичкиот регион е дом на 20 од Топ 100 компании.

Пазарната вредност во Северна Америка е значително повисока отколку во Азија и Европа

Додека првите 100 компании во Северна Америка во моментов имаат вкупна пазарна капитализација од 14,2 трилиони долари, вредноста на азиските компании во рангирањето е нешто помалку од 4 трилиони долари. Кумулативната проценка на најдобрите компании во Азија веќе одамна ја надминува онаа на големите европски корпорации. Европските компании вредат 3,3 трилиони долари.

За најскапата европска компанија, швајцарската група Нестле беше оценета на 14-тото место со пазарна вредност од 297,8 милијарди долари.

“Дигитализацијата се повеќе го одредува развојот на корпорациите и нивните цени на акциите”, рече Барт.

До сега, главно, американските гиганти успеаа да го искористат трендот на дигитализација и да создадат функционални екосистеми. Клиентите и инвеститорите го наградуваат тоа. Но, главно во Европа, многу компании сеуште бараат убедлив модел за иднината.