Економијата во последната години, особено во последните шест месеци ја донесовме до една реална сфера. Бројките покажуваат раст на инвестициите, раст на БДП, раст на извозот, раст на платите, раст на бројот на вработени. Со нив не може да манимулираме, ниту да додаваме, ниту да одземаме.
Ова го порача вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за ТВ Телма.
Посочи дека инвестициите лани достигнаа 624 милини евра, од кои 400 милиони се директни странски инвестиции, а 200 милиони е реинвестирана добивка, во првиот квартал има раст на инвестиции за 9,5 отсто во однос на првиот квартал лани. Се градат 30 фабрики од кои 20 во ТИРЗ, а седум-осум надвор од нив. Растот на БДП од минус од пред две години сега е четири проценти. Растат и платите, во последната година има раст на просечната плата за шест проценти, а за две години се вработени 50.000 лица од кои помалку од 2.000 се во јавната администрација а другите се во реалниот сектор.
Според него важно е што овие бројки се врз основа на реална економија, а кои се потврдени и во извештај од ОН.
-Овие бројки се врз база на реална економија, а не врз основа на измислена економија од страна на владата и измислени проекти што даваат брзи резултати и долгорочни проблеми. Мислам на виртуелни проекти со кои ќе се задолжуваме, а при тоа ќе направиме некаков градежен бум да речеме како правење фасади споменици итн. Напротив сите овие бројки се постигнати без дополнително задолжување на Владата, поради тоа што јавниот долг е стабилен две години. Тоа што се задолжуваме е за да ги вратиме старите кредити и никогаш не се задолжуаме со повисоки камати од тие што биле. Што значи тоа е рефинансирање во најголем дел, а многу мал дел е ново задолжување. Она што е важно е дека само таквата економија може да даде резултат на долг рок, за да немеме сериозни осцилации нагоре надолу, рече Анѓушев.
Тој додаде дека очекува и натаму да се задржи трендот на раст на платите и оти тоа без разлика дали Владата ќе биде таа што ќе ја зголемува минималната плата, туку пазарните услови ќе го направат тоа.
-Посреќни ќе бидеме ако живееме во реална, отколку во виртуелна економија, во која државата ги генерира бројките, туку тоа треба да биде реалната економија, истакна Анѓушев, оценувајќи дека никогаш досега во овие 27 години сме немале подобри бројки во економијата.
Според него и кај граѓаните има влијание од овие бројки, но оти динамиката можеби не е таква како што некој се надевал.
-Да бидеме реални и објективни. Не постои волшебно стапче со кое преку ноќ како држава ќе се стигне до стандард како во Швајцарија или Германија. И ние тоа го знаеме и секој што е реален тоа го знае. Но дека бројките се подобруваат и растат за тоа не треба да има дилема, заради тоа што не баш секој го почувствувал тоа, но многу и го почувствуале гледајќи дека просечната плата за една година пораснала за близу шест проценти, можеби таа поединечно не пораснала, но просечно во државата е порасната и тоа е факт од кој нема бегање. Се вработиеле и 50.000 луѓе и ако ги прашате нив за нив е позитивно, рече вицепремиерот.
Во интервјуто се осврна и на проектот за изградба на електраната „Чебрен” за која рече дека очекува да има сериозни инвеститори и проектот да успее за разлика од претходно по решавањето на политичките проблеми, членството во НАТО и извесниот датум за преговори.
-Тоа е поект со кој сите ние пораснавме. Го слушам откако знам за себе. Мислам дека конечно постигнавме еден консензус да биде со јавно приватно партнерство. Разликата со претходните тендери е дека со решавањето на политичките проблеми и членството во НАТО и извесниот датум за отворање претпристапни преговори, мислам дека ќе имаме инвеститори што ќе сакаат да го прават тој проект, рече Анѓушев.