Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска најави дека наскоро ќе се интензивираат работите во изградбата на автопатот Кичево- Охрид. Според него, техничките проблеми се надминати.
Анѓушев истакна дека со разрешување на проблемите со договорите направиле заштеда од 90 милиони евра. Тој притоа порача дека сега очекуваат да се продолжи кредитирањето, а рокот за реализација на проектот останува 2021 година.