Целта не ги оправдува сретствата, ова е заклучокот од анализта на Институтот за економски анализи Фајнанс тинк за исплатената државната помош во земјоделството, туризмот и привлекувањето на странските инвестиции.
„Кај нас државната помош треба да претрпи одредена реформа, и дадените средства да бидат врзани за аутпути. Затоа што не секаде идентификувавме дека зголемената државна помош дава и крајни резултати. Особено во делот на земјоделие но тука постои простор и во делот на компании, малку повеќе да сме ориентиорани кон ефекти.“ – Благица Петрески извршен директор на Институтот Фајнанс Тинк.
Експертите се децидни, државните пари кои се даваат на компаниите или на физичките лица треба да поттикнат подобрување на конкурентноста, нови вработување , развој на одредени сектори, нои целта е да се добиојат повеќе ефекти. Тоа значи за исти средства да се добијат повеќе пари назад во државната каса, што засега не е случај.
Во предизборието пред шест месеци актуелната власт најави промена на моделот на субвенционирање на странските инвестиции. Но актуелниот дитектор на индустриските зони денеска не одговори кои ќе бидат промените кои ги воведува новата власт и каков ефект ќе има државата од нив.
„Се уште се тие во фаза на бреисторминг – што се вика, така да во следниот период ќе ги презентираме, кои се тие, ќе бидат нови сет мерки.“ – Гоце Димовски директор на ТИРЗ.
Фајнанс тинк под лупа ја стави државната помош исплатена во 2022 година, која изнесувала 253 милиони евра. Препораката на авторите на оваа анализа се дека во периодот што следи ќе треба да се зголемува транспареноста
и отчетноста на надлежните институции кои ги одобруваат и делат народните пари, преку механизми за мониторинг и известување за видовите и износите на доделена државна помош. Оваа сума која се дели во земјава изнесува 1,9 отсто од Бруто домашниот производ, и секоја година бележи зголемување.