Пандемијата на коронавирус ги донесе и првите штети врз економијата, па голем дел од комапниите како што велат, мора да ги отпуштат дел од своите вработени бидејќи не се во можност да им исплатат плати.Во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, министерката за финансии, Нина Ангеловска рече дека со донесените Владини мерки има повеќе опции кои може да помогнат во овие ситуации.

„Во вториот сет на мерки има мерки за заштита на работниците кои го или би го изгубиле работното место. Целта не е да ги броиме сите изгубени места туку целта е да ги заштитиме сите работни места, за да не дојде до таму да треба да го земаат надоместокот за невработеност“, вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа додава дека на компаниите им е овозможено и на вработените да им исплаќаат 50% од платата која ја земале пред кризата.

„Законот предвидува компаниите кои што затвориле или немаат во моментот можност да ги држат и целосно исплаќаат вработените може да ги пратат работниците дома и да им исплаќаат 50% од платата“, додава Ангеловска. Се соочуваме со голем предизвик, светот се соочува со голем предизвик, прво од аспект здравствените системи се соочуваат со предизвик, потоа економија и секако дека оваа ситуација претставува голем предизвик и за буџетот“, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска во „Click Plus“ на ТВ21.

Наша цел е овој период да го зачуваме секое работно место, а она што не можеме барем да помогнеме на граѓаните да можат да го поминат овој тежок период, заклучи министерката за финансии.