Истиот ден кога Комисијата за заштита на конкуренцијата поведе постапка против четири големи трговски синџири, на 10 октомври српското Собрание доби листа на кандидати за избор на претседател на оваа комисија и листа на кандидати за членови на Советот на таа институција. Небојша Периќ, актуелниот претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата е единствениот кандидат на листата на кандидати за нов претседател на оваа комисија, стои во собранискиот документ, пишува Н1, пренесува Нова.рс.
Да потсетиме, Комисијата за заштита на конкуренцијата во последните денови ги „размрда“ трговските синџири во Србија. Имено, на 10 октомври поради сомневање дека се договориле за цените, поведена е постапка против четири трговски синџири: „Делез“, „Меркатор С“, „ДИС“ и „Универекспорт“. Ова беше обелоденето еден ден подоцна – на 11 октомври. Во вторник, 15 октомври, за порталот Н1 беше потврдено дека Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград формирало предмет токму врз основа на информациите од овој заклучок на Комисијата за заштита на Конкуренција, а тоа е да се провери дали дејствијата на овие трговски друштва се евентуално стекнати и криминални елементи.