Антимонополските регулатори на ЕУ ги казнаа Фолксваген, БМВ и Дајмлер поради преќутниот пакт за да ја блокираат технологијата за чиста емисија. БМВ и “Фолксваген” би можеле да се соочат со големи казни – потенцијално до 10% од глобалниот промет – додека информаторот ( свиркачот ) Дајмлер вели дека очекува да ја избегне казната како резултат на обезбедувањето на информации. Европскиот комесар за конкуренција, Маргарет Вестагер, вели дека на потрошувачите “со овој потег му се одзема можноста да купуваат автомобили со најдобрата достапна технологија”. Овој потег доаѓа две години по нападите врз производителите на автомобили кои ги лажираа извештаите за загадувањето од нивните мотори, со главен акцент на Фолксваген.