За компаниите од преработувачката индустрија кои планираат да инвестираат во модернизирање на производството и за сите кои имаат идеја за проширување на бизнисите или да воведат нова технологија, во моментов има два актуелни повици токму за нив.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави првиот јавен повик од ИПАРД III програмата за Мерка 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. На располагање се 14 милиони евра.
Вториот повик е на Фондот за иновации и технолошки развој – Кофинасирани грантови за комерцијализација на иновации преку кој се обезбедени 8 милиони евра за поддршка на проекти за комерцијализација на иновативноста кај македонските компании.