Јапонија планира да изгради подземна подвижна лента меѓу Токио и Осака долга 500 километри за транспорт на товар. Со неа ќе може да превезува количество товар еднакво на количината што ја превезуваат 25.000 камиони секој ден, а тоа ќе има три главни придобивки.
Првата е дека ќе се намали сообраќајниот метеж, втората е дека ќе се намали емисијата на штетни гасови во сообраќајот и ќе се ублажи недостигот на работна сила, што е се поизразен проблем како што старее јапонското население.
Имено, според податоците на Светска банка, оваа земја пред 30 години имала 87 милиони работоспособни жители, а сега има 73 милиони.
Овие негативни трендови се предизвик за јапонската логистичка индустрија. Една од последиците на овие трендови е недостатокот на професионални возачи. Се проценува дека изградбата на подземната подвижна лента ќе чини 23 милијарди долари и дека ќе биде во функција од 2034 година.
Јапонија не е единствената земја која има намера да направи нешто вакво. Швајцарија, исто така, планира да изгради подземен транспортен тунел долг 500 километри. Тунелот ќе биде 80 метри под површината на земјата и ќе има подвижни ленти кои ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија.
Со тоа за 80% ќе се намали емисијата на штетни материи во сообраќајот. Овој тунел ќе го скрати времето на транспорт на карго, но возилата, сепак, ќе бидат потребни во последната фаза од транспортот.