Речиси еден од тројца луѓе во Јапонија живее во областа околу главниот град
Јапонската влада размислува за нов начин да ги стимулира оние кои размислуваат за живот надвор од Токио – да им платат за да го напуштат главниот град, цитира Кварц.
Според материјал на националната телевизија NHK, Владата размислува да дава до 3 милиони јени (27 илјади долари) по човек на луѓе кои одлучуваат да се преселат надвор од Токио и да бараат работа на други места, почнувајќи од следната фискална година.
Токио и широкиот округот околу главниот град со население од 38 милиони, одамна се противи на трендот во Јапонија, кога станува збор за демографијата, бидејќи како целина населението во земјата се намалува. Често ова е на сметка на другите градови.
Токио и префектурите на Чиба, Канагава и Сајтама – забележуваат значителен пораст на населението во 2017 година Според NHK бројот на луѓето кои се селат во Токио, го надминува бројот кои го напуштаат градот веќе 22 години. Речиси еден од тројца луѓе во Јапонија живеат околу Токио.
Владата објави дека ќе ги охрабри луѓето кои сакаат да се преселат во други поголеми градови, како што се Сендаи и Сапоро на север од Токио, вклучително и преку даночни олеснувања.
Со децении, јапонската влада се обидува да ги одвлече луѓето подалеку од главниот град и да помогне да се подобри во депопулираните и напуштените области преку програмата позната како “ревитализација на регионите”. Некои локални власти користат даночни олеснувања за да ги поттикнат компаниите да го напуштат Токио, додека други субвенционираат трошоци за релокација.
Денес, во Токио има се повеќе и повеќе млади луѓе кои сакаат да го напуштат урбаниот живот во главниот град и да се преселат во помали, поевтини и позелени делови од Јапонија. Некои области успешно привлекуваат луѓе и бизниси, на пример Фукуока – град кој доби голем наплив на технолошки работници и стартапи, привлечени од ниските трошоци и близината до млади таленти како и близината до другите азиски пазари.